За нас
За нас
ПОЧЕТОЦИ

ЕФИКС ЕЛЕКТРИКАЛ ДООЕЛ е фирма регистрирана во декември 2013 година. Почетните активности беа во периодот во предноќието на новогодишните празници. Првите порачки беа за изведба на Новогодишно осветление во неколку хотелско ресторантски објекти. Поради сознанието дека во Македонија целокупното осветление е со застарена технологија одлучивме дека треба да се развиваме во тој правец. Воспоставивме комуникација и соработка со една од најмоќните фирми во светот од Кина за производство на ЛЕД технологија и осветление. Нивниот бренд DICKEN LIGHTING е познат на сите континенти во светот, па така после неколку порачки од нивните производи веќе и ние постанавме препознатливи на македонскиот пазар.

РАЗВОЈ

Енергетската ефикасност ни беше главната тема и правец во кој одлучивме да се развиваме паралелно со ЛЕД технологијата. Со гордост изјавуваме дека од 2016 година сме сервис партнери на најуспешната Австриско - Американска корпорација за инвертери ФРОНИУС со кои имаме дизајнирано и изведено многу соларни проекти на територијата на Македонија, Австрија и Германија, кое ни овозможи нашата соработка во 2020 година да ја надоградиме во Фрониус Систем Партнери. Нашиот труд и квалитет беше препознат од здружението за енергетика Солар Македонија, каде сме нивни членови од 2020 година. Во сите наши соларни проекти ги инсталираме само модулите на најквалитетните производители на светско ниво Јинко Солар, Трина, Сантек, Осда, Ауста, Блусан Солар итн. следејќи ги најновите производствени технологии на поликристални и монокристални модули со највисока ефикасност. За што подобро визуелно запознавање со мал дел од нашите ЛЕД и СОЛАРНИ проекти ве покануваме да ги посетите галериите од нашата веб страна во делот на ГАЛЕРИЈА.

За нас
scroll top